Изразите на лицата на Ким и Канје Вест укажуваат дека сопружниците не ги решиле проблемите за време на одморот (ФОТО)

Сагата продолжува

Ким Кардашјан повторно се обидува да го спаси бракот со Канје Вест, кој јавно зборуваше за „валканите алишта“ на нејзиното семејство, меѓу другото, обвинувајќи ја дека со мајка си крис Џенер сакала да го смести во болница поради нарушената ментална состојба. По ова, ријалити-ѕвездата замина на 7-дневен одмор со Канје и со децата, во обид да ги надминат проблемите, но изгледа не успеале во тоа.

Сопружниците и нивните четири деца беа видени како излегуваат од приватниот авион, кој слета во неделата наутро по седумдневното патување на Доминиканската Република.

Ким и Канје се сложуваат. И двајцата изгледаат многу посреќни сега“, изјави за „Пипл“ извор близок до парот по нивното враќање во САД.

Иако изворот тврди дека Ким и Канје се посреќни откако се враѕија од Доминикана, сепак, не изгледаат така на фотографиите што ги преплавија медиумите.

Backgrid

Ким се обидува да најде начин да го спаси бракот со 43-годишниот рапер на одмор во Пунта Кана, коментира „Пипл“. Весникот цитира извори што тврдат дека таа е истоштена од стресот да се бори со биполарните епизоди на сопругот, како и од обврската да се грижи за нивните деца.

Истите извори велат дека Канје одбива да се откаже од претседателската трка и малата веројатност за освојување на највисоката функција на изборите во ноември.

Ким не е среќна поради ова, но тоа не е нејзиниот фокус“.

Фото: Backgrid

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.