Ненадејна смрт во семејството на Сара Џесика Паркер: „Ќе го паметиме по љубезноста и вербата за поубав свет“
Тажна вест
Пристигнаа тажни вести од семејството на популарната актерка.
Имено, нејзиниот очув Пол Гифин Форст починал, соопшти семејството, а пренесе американскиот „Пипл“.
Форст во 1969 година се ожени со мајката на Сара Џесика Паркер, Барбара. Имајќи на ум дека актерката е родена во 1965 година, таа поголемиот дел од детството, односно растењето, го поминала со очувот (нејзиниот татко се вика Стивен Паркер).
Нашето семејство со голема жалост објавува дека по неочекуваната и брза болест, Пол Гифин Форст почина во 76-годишна возраст. Во последните моменти беше опкружен со многу љубов и благодарност од својата сопруга Барбара (54), и своите деца, вклучувајќи ја и Сара Џесика Паркер.
Пол ќе го паметиме по љубезноста која беше негова вера, по тоа ги обожаваше своите 13 внуци и неговото верување дека светот ќе го направи похуман, потолерантен и поубаво место за сите, се наведува во соопштението на семејството за „Пипл“.
Сара Џесика Паркер ден пред семејната трагедија се појави на премиерата на филмот „Хокус покус 2” во Њујорк со сопругот Метју Бродерик и ќерките близначки Марион и Тавит.
Коментарите се заклучени.