Изјавата на Кејт Мидлтон за ќерката на Меган Маркл и принцот Хари збуни многумина

Што ѝ стана?

„Ѝ посакувам сè најдобро, едвај чекам да ја запознаам, што се надевам дека ќе биде наскоро“, изјави Кејт Мидлтон пред новинарите за време на посетата на училиштето во друштво на првата дама на САД Џил Бајден, на маргините на Г7 самитот.

Оваа изјава на војвотката од Кембриџ за второто дете на деверот Хари збуни голем број обожаватели на кралското семејство, кои речиси секој ден читаат за нарушените односи меѓу принцовите Вилијам и Хари.

Лилибет Лили Дајана Маунтбатн-Виндзор, именувана по бабата на принцот Хари, кралицата Елизабета Втора и неговата покојна мајка, принцезата Дајана, се роди пред една недела во болницата Санта Барбара во Калифорнија.

Родена е скоро година и пол откако Хари и Меган ја објавија намерата да се повлечат од кралските должности, предизвикувајќи голема криза во кралското семејство.

Односите меѓу членовите на кралското семејство дополнително се влошија во март кога еден од нив, иако неименуван, е обвинет за расистички изјави против синот на принцот Хари, малиот Арчи.

Проблеми се појавија и откако Меган Маркл призна во интервјуто на Опра Винфри дека членовите на кралското семејство целосно ги игнорираат нејзините молби за помош поради самоубиствени мисли, кои честопати и паѓале на ум за време на нејзиниот живот во Велика Британија.

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.