Изгубил невиност со дадилката на 14 години: Сопругите секогаш знаеле за неговите љубовници!

Престанал да ги брои вонбрачните деца

Актерот Клинт Иствуд вчера го прослави 90-от роденден

Мајката на Клинт Иствуд, Маргарет Рут, била работничка во фабрика, додека татко му исто така бил работник, а поради неговата работи морале често да се селат долж Западниот брег. Се стабилизирале дури кога Клинт бил тинејџер, кој е роден последниот ден од мај 1930 и вчера го прославил 90-от роденден.

https://www.instagram.com/p/CA15tDnqhLQ/

Постојан дом создале во Калифорнија, каде што славниот актер завршил средно техничко училиште.

Деталите од неговите тинејџерски години се многу интересни. Изгубил невиност на само 14 години и тоа со пет години постарата сосетка, која го чувала кога бил дете.

„Добро е што почнав рано, собрав повеќе искуство до 20-та година“, изјавил тој своевремено.

https://www.instagram.com/p/CA4uV2EHOWn/

Кога имал 19 години бил во врска со професорка од средно училиште. Ја оставил, но таа тоа не го прифатила толку лесно и му се заканувала со самоубиство. Тој, како и во филмовите, со леден поглед и блага, едвај видлива насмевка, лаконски го објаснил тоа:

„Може да се каже дека имаше мало недоразбирање околу тоа како гледаме на сериозноста на таа врска“, признал Клинт.

https://www.instagram.com/p/CA21FAcqqj_/

По средно училиште, дошло време да се вработи, но тоа не било проблем за Клинт. Работел на бензинска пумпа, бил пожарникар, а свирел и во еден бар.

Либидото и понатаму му било на ниво, па одел и на состаноци на слепо. На еден таков, летото 1953 година, ја запознал Маргарет Џонсон и започнал врска со неа. Истовремено се гледал со уште една девојка, која набрзо забременила.

Немала поддршка од Клинт, па нивната ќерка, за која актерот наводно никогаш не ја прашал, ја дала на посвојување. Маргарет се омажила за Клинт шест месеца откако се запознале.

Кон крајот на педесеттите почнал да глуми во филмови од Б продукција, а се пробил на почетокот на шеесеттите, во „шпагети“ вестерн филмовите на Сергио Леоне, „За шака долари“, „За долар повеќе“ и „Добриот, лошиот и грозниот“.

https://www.instagram.com/p/CA4-XsaIYug/

Неговото изневерување на сопругата станало уште полесно и поинтензивно откако станал славен и богат. Актерката Мами Ван Дорен признала дека со години била во врска со него и дека воделе љубов и на филмскиот сет.

Тогаш нашол уште една љубовница, танчарката Роксен Тунис, која исто така била во брак. Во врската ја добиле првата законска ќерка на Клинт, Кимбер.

https://www.instagram.com/p/CA4h5NRne3S/

И тоа се обидел да го скрие од јавноста, но еден американски дневен весник го открил нејзиниот извод на раѓање. Наводно, Маргарет со сето тоа била запознаена и му ги дозволувала тие испади само за да остане со неа до крајот.

Истовремено, филмската кариера му одела одлично, особено по филмот „Во гнездото на орелот“, каде што имал споредна улога покрај Ричард Бартон, а за тоа добил 800.000 долари.

https://www.instagram.com/p/CA41NT7HlQD/

Тогаш му се чинело дека сѐ му оди од рака и на професионален и на приватен план. Филмовите и жените се лепеле за него. Се оженил само два пати, втора сопруга му била Дина, а со пет жени добил пет ќерки и два сина. Помеѓу децата имало голема разлика во годините, па додека добил внуци, честопати знаел да се пошегува:

„Со оглед на тоа што моите деца сѐ уште не ми дале внуци, имам два свои“, рекол тој за најмладите деца Франческа Рут, родена 1993 година и Морган (1996).

Бурниот приватен живот не влијаел врз неговата работа. Тешко е да се набројат сите одлични филмови во кои глумел, ги режирал и бил продуцент, или сите три одеднаш.

https://www.instagram.com/p/CA4pM8BhMPQ/

Животната приказна на Елизабета Втора: Најдолговечната владетелка на Велика Британија
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.