Италијанците велат дека е поубава од Софија Лорен: Како романската актерка (33) успеа да го заведе пола Холивуд?

Занесна убавица

Таа знае како да ужива во сите привилегии што ѝ ги дала природата

Славната романска актерка и манекенка, 32-годишната Мадалина Генеа, деновиве ужива на одмор во Италија, каде што живее веќе некое време, а за совршен одмор го одбрала на многумина омиленото Портофино, а со неа е и новиот дечко Андреа Кастагноли.

Убавицата што некои ја нарекуваат новата Софија Лорен, папараците постојано ја следат на секој чекор, па не е ни чудо што ја нашле на една од тамошните плажи. Нејзината појава во костим за капење, кој дополнително ѝ ги нагласил бујните облини, била заслужна за тоа да биде највпечатливата личност на плажата, но таа не дозволила ништо да ѝ го наруши уживањето под сонцето на Портофино.

На витото тело внимателно нанесувала масло за сончање, се бањала во море и се дружела со Андреа. Тој е последниот во низата што ги љубела оваа дама, а не можеле да ѝ одолеат и многу славни колеги како Жерар Батлер, Мајкл Фасбендер и Леонардо Дикаприо, била во врска со трговецот на уметнички дела Вито Шнабел, додека од врската со романскиот претприемач Метју Стратан има ќерка Шарлота.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.