Испливала позадината на конфликтот помеѓу Меган и Кејт: Нема да ви се верува зошто се скарале пред кралската венчавка!

Откриено!

Извори блиски на британското кралско семејство откриле кога всушност ескалирал конфликтот помеѓу јатрвите

Многу се пишуваше за нарушените односи меѓу Меган Маркл (38) и Кејт Мидлтон (38) последниве две години, но причините за конфликтот може само да се претпоставуваат.

Во заедничките јавни ангажмани секогаш оставале впечаток дека се блиски, бидејќи со насмевка се обидувале да ги скријат сите наводи за нивните караници и конфликти.

Растењето во различни околности, семејства и различните карактери довеле до проблеми во нивниот однос.

Упатени извори, кои сакале да останат анонимни, за новиот број на магазинот „Татлер“ раскажале кога почнал конфликтот помеѓу војвотките од Сасекс и Кембриџ.

И онака нестабилните односи, поради различните карактери и тешко прилагодливата Меган на новите традиции и животот во Велика Британија, всушност дополнително се влошиле неколку дена пред гламурозната кралска венчавка во Виндзор.

На почетокот на мај 2018 година, неколку дена пред да го видиме принц Хари како пред олтарот ѝ ветува вечна љубов на својата избраничка Меган Маркл, внатре во кралското семејство владеел вистински хаос.

ФОТО: Printscreen Instagram

Имено, Меган и Кејт наводно се скарале поради стајлингот на малите деверици, кои традиционално во Британија секогаш се деца, а меѓу кои била и принцезата Шарлот. Поради големите горештини тој период, Меган за своите преслатки деверици сакала снежно бели фустанчиња со кратки ракави, со додаток панделки на позадината.

Кејт тука видела еден проблем, а тоа е носењето најлонки, кои Меган не ги замислила во целата приказна. Војвотката Кејт инсистирала девојчињата да носат најлон чорапи, бидејќи така налага традицијата.

Наводно, по пробата на фустанчињата, Кејт Мидлтон си заминала расплакана, а оние што биле присутни ја опишале како многу емотивна и сето тоа го припишале на тоа што кратко пред целиот настан го донела на свет своето трето дете.

На фотографиите од денот на венчавката се гледа како девериците носеле фустанчиња без чорапи, па се заклучува дека цврстата и одлучна Меган не му дозволила никому да ѝ се меша во најважниот ден за неа.

Кејт сакаше да ја испочитува традицијата и сѐ да биде според протоколот, но Меган инсистираше на своите замисли“, открил анонимниот извор.

Освен тоа, тој раскажал за познатиот таблоид дека војводите од Кембриџ чувствуваат одредена горчина поради заминувањето на принц Хари и неговата сопруга Меган од кралството.

Секако дека Кејт секогаш се смее и не покажува дека има проблеми. Мисли дека нејзе ѝ е лесно и дека сето тоа што го сака е погрешно. Се чувствува заробено и многу е исцрпена. Таа е еден од најважните членови на ова семејство и знае колкава е нејзината одговорност, а исто така, нема бројни предности и зачестени годишни одмори“, објасниле упатените, додавајќи дека Меган и Хари излегле себични.

Одлуката да го напуштат кралството и да се откажат од своите титули е исклучително себична. Сите нивни обврски автоматски паднаа на грбот на принц Вилијам и Кејт Мидлтон, кои имаат три деца“, заклучил изворот.

Пеколот на Меган Маркл поради ДНК-тестот што покажал дека Хари не е таткото на малиот Арчи
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.