Испливаа детали од уште еден конфликт во кралското семејство: Принцот Чарлс и принцот Вилијам жестоко се скарале!

Бурна расправија

Фото: Getty Images

Војводата од Кембриџ барал неговиот татко да ги уништи највредните работи што ги наследил од кралицата Викторија

Принц Чарлс (72) и неговиот син принц Вилијам (38) се најголеми борци за зачувување на средината и загрозени животински видови во британското кралско семејство.

Меѓутоа, токму затоа жестоко се скарале во една пригода.

Имено, добро упатен извор од дворецот раскажал дека војводата од Кембриџ еднаш побарал од татко му да уништи 1.200 производи од слонова коска од колекцијата што ја наследил од своите претходници, поточно од кралицата Викторија, прабаба на кралицата Елизабета Втора.

Принц Вилијам сакал кралското семејство да му даде пример на светот како треба да се спречи илегалната трговија со загрозени животни. Меѓутоа, татко му сметал дека е „луд“.

Чарлс одбил да се ослободи од бесценетата колекција, па помеѓу нив дошло до жестока расправија.

Принц Чарлс ги нарекол ставовите на Вилијам „наивни“, а потоа го негирал сето тоа што им го кажал претходно на новинарите на таа тема.

Сепак, изворот не знае што се случило на крајот со колекцијата од слонова коска. Подоцна, новинарите го прашале Чарлс за напорите на Кејт Мидлтон да ја спаси околината, но тој не сакал ништо да коментира. Не сакал ни да го пофали синот, што покажува дека сè уште бил навреден од конфликтот.

Да се потсетиме дека Вилијам додека бил млад уште почесто знаел да го провоцира татко му и да ги преиспитува неговите ставови и одлуки.

Понижувачки и одвратно: Вака кралското семејство ги тестира кандидатите за работа во палатата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.