Оваа панел-дискусија на претстојната регионална конференција за жени „Профемина 2025“, која ќе се одржи на 23 октомври во хотелот „Холидеј ин“, е потсетник дека секое патување до родителството е уникатно – и дека кога љубовта и науката ќе се сретнат, чудата навистина се случуваат.
Патот до родителството не почнува со радост секогаш. Понекогаш почнува со тишина, со неизвесност и страв, со безброј прашања што остануваат без одговор. Но токму во тие моменти на ранливост се раѓа нешто највредно – надежта.
Надежта дека љубовта, медицината и заедништвото можат да создадат живот.
Во рамките на Профемина, панел-дискусијата со наслов „Помеѓу стравот и надежта за родителство“ ќе отвори искрен и отворен разговор за сите аспекти на плодноста. Ќе се зборува за факторите што влијаат врз неа, за ризиците кои можат да ја намалат, но и за современите решенија што денес им помагаат на паровите да ја остварат својата најголема желба – да станат родители.
🎙 Модераторка:
Јована Стојменовиќ

Панел-говорници:
-
Д-р Александар Мицковски, специјалист хирург-уролог и субспецијалист за машка неплодност, Клиничка болница „Аџибадем Систина“

-
М-р д-р Александар Бојаџиев, специјалист по гинекологија и акушерство, Клиничка болница „Аџибадем Систина“

Овие врвни експерти ќе споделат стручно знаење, но и човечка перспектива – дека меѓу стравот и надежта секогаш постои пат кон нов почеток.
Настанот е поддржан од GametixF и GametixM, брендови кои ја поттикнуваат свесноста за значењето на плодноста и холистичкиот пристап кон репродуктивното здравје.

Не сте сами – надежта е посилна од стравот!
Обезбедете го вашето бесплатно присуство со регистрација на:
[email protected] или на инстаграм-профилот @ubavinaizdravje.mk
Фото: приватна архива