Исидора сметала дека од ова се разболела: „Тагата е најканцерогена, неа во животот ја имав во галони!“

Храбра борба до последен здив

Познатата писателка во 2012 година добила дијагноза која никој не сака да ја слушне и се борела како лавица до последен здив

Исидора Бјелица, писателка и голем животен борец, во 2016 година зад себе оставила тешка болест: По четврти пат го победила ракот. За тоа како ја променила таа борба и како околината реагирала на нејзината болест, Исидора тогаш изјавила:

„Поминав 12 земји и стотици терапии. Просто, решив да пробам сè што постои. Никој не знае што е канцер и како настанува. Јас сум многу отворена личност и за да бидам подолго со децата, решив да пробам сè, колку и да беше болно и тешко.“

Познатата писателка за својата борба со опасната болест барала не само физички одговор, туку и душевен.

„Многу научив за љубовта, животот, умот, телото, се менував и учев. Грешев, се враќав, па повторно се исправав, паѓав, се менував, пробував… Верував дека Господ мора да биде милозлив кон некој што е толку упорен и искрен во срцето.“

Исидора не пушела, не пиела, ниту нездраво се хранела и неколку пати изјавила дека таквите навики не се причина за нејзината болест, бидејќи не ги практикувала. Причината за својата болест ја согледала во душевната состојба што ја чувствувала.

„Не јадев ни колбаси ни сланина, ниту пушев цигари, не пиев ни алкохол. Тагата е таа која е најканцерогена, неа, пак, ја имав во галони…“

Борбата со болеста траела долго, цели осум години, но сите тешки моменти, мачни терапии и болките што ги чувствувала, не ја поколебале Исидора во одлуката да го победи ракот. Била оптимист и секогаш со јавноста ги споделувала и најситните детали од она што ѝ се случувало за време на мачните хемотерапии, со надеж дека ќе им помогне на оние кои го преживуваат и поминуваат низ истото.

Не престанала да пишува. Напротив, болеста ѝ била дополнителна инспирација да напише уште неколку романи. Во некои од нив зборувала и за борбата со болеста.

Борба, покрај со ракот, водела и со финансиите, бидејќи третманите што ѝ биле неопходни биле екстремно скапи и повеќето од нив недостапни.

Во 2015 година, пејачот Владо Георгиев, и покрај тоа што имал бронхитис, пеел цели шест часа, на три последователни концерти и успеал да собере 15.000 евра, колку што ѝ биле потребни на Исидора Бјелица за да ја плати првата тура терапии во Швајцарија. Покрај децата на Исидора Бјелица, на концертот присуствувале сите хумани луѓе кои сакале да ѝ помогнат на познатата писателка во нејзината борба со опасната болест.

Писателката, која често умеела да се пошегува на смета на болеста со која се борела, тогаш изјавила дека на Владо ќе му однесе врела супа, бидејќи стоички издржал шест часа на бината и со тоа ѝ помогнал да оди на потребното лекување.

„Ракот е најлошата спонзоруша, троши без престан“, изјавила тогаш Исидора, која се борела со недостиг на парични средства за скапите лекувања во странство.

Исидора, која вчера ја изгубила макотрпната борба што ја водела осум години, зад себе оставила сопруг и две деца.

Синот на Исидора Бјелица се прости од мајка си преку оваа фотографија: „Многу ми е тешко!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.