Исидора Бјелица со шокантна изјава во едно интервју: „Ја забрзав сопствената смрт“

Тука луѓето ја кријат болеста со причина...

По 8-годишна борба со подмолната болест, писателката Исидора Бјелица на 5 август годинава ја загуби битката со карциномот. На вечното почивалиште беше испратена во саботата, а нам ни преостанува да се сеќаваме на неа како на ведра и духовита дама, со „остар јазик, како жилет“.

Исидора во една пригода отворено зборуваше за негативните коментари со кои се соочувала за време на лекувањето. Тоа беше моментот кога се чувствуваше поразено, не можејќи да разбере од каде толкава злоба кај луѓето… Популарната писателка откри дека дури и ѝ се заканувале, како и на нејзината тогаш малолетна ќерка Вила

Ќе кажам отворено, тоа е мој пораз. Жал ми е што излегов со ова во јавноста, затоа што јас ја забрзав мојата смрт. Така ги привлекувате тие ѕверови. Замислете колку боли, кога трошите 4 години на хемотерапија, собирате силата да излезете надвор, а потоа да претрпите навреди додека го правите тоа … Се сеќавам на моите разговори со Гага Николиќ (актерот Драган Николиќ, кој исто така почина од карцином, н.з.) … Жал ми е, тешко ми е да зборувам …“, раскажа тогаш низ солзи Исидора и додаде:

И Гага ми рече тогаш: ‘Не си во право Исидора, ова е мала средина. Тука луѓето ја кријат својата болест со причина. Ќе те сотрат кога ќе покажеш мала надеж, гордост, убавина …’ Замисли да имаш 54 хемотерапии и потоа некој да напише: ‘Оваа крава лаже дека е болна!’ Дали знаете колку боли тоа? Знам дека оставам малку … Ние сме опкружени со примитивци кои тероризираат болни луѓе. Кога ќе видат дека сте подобри, тие сакаат да умрете. Погледнете на Интернет, пејачка објави дека напишала книга, подолу пишуваат: Распнете ја к*рвата“, раскажа Исидора Бјелица пред неколку години.

Кога ќе го ставам овој шешир, сите мислат: ‘Лесно ѝ е’, а имав ситуации кога половина од мојата куќа беше заложена, имаше денови кога ми ја исклучуваа струјата за време на моите терапии. Преку болеста, станувате различни, болеста ве менува на подобро, тоа е големо чудо“, изјави Исидора.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.