Интернетот „гори“ поради финската премиерка (34): Позирала без кошула и градник!

Неочекувано!

На себе носела само блејзер со длабоко деколте

Финската премиерка Сана Марин завршила на насловните страници на национални медиуми изминативе денови поради нешто што и нема голема врска со политичките одлуки што ги носи.

Нејзината одлука да позира во елегантен блејзер со длабоко деколте без кошула или градник одоздола за магазинот „Тренди“, ја поделила финската јавност.

https://www.instagram.com/p/CGE6V28jJjM/?utm_source=ig_embed

Фотографијата предизвикала жестоки дискусии околу примерноста на нејзиниот избор на гардероба.

Голем број корисници на социјалните мрежи коментирале дека одлуката на премиерката да позира без градник е крајно непримерна за нејзината положба. Освен тоа, многу критики се однесувале и на фактот што фотографијата е направена во официјалната резиденција на претседателката на финската влада.

Сепак, многумина застанале во одбрана на Сана Марин, објаснувајќи дека нејзиниот избор на гардероба не е несоодветен и дека ја покажува нејзината убавина и сила.

Голем број нејзини приврзаници, особено жени, набрзо почнале да објавуваат свои фотографии во слични модни комбинации без градници, заедно со хаштагот „јас сум со Сана“ (#imwithsanna).

Што мислите вие? Дали е соодветно една премиерка да се фотографира во вакво издание?

Премиерката на Финска го скратува работното време: 4 работни дена неделно, 6 часа дневно?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.