Седмото издание на Influencer Awards 2025, во организација на Колор Медиа Плус и магазинот „Убавина и здравје“, ја потврди својата позиција како најгламурозен и највлијателен настан за инфлуенсери во Македонија.
Оваа година, бројките беа импресивни: рекорден број од 200 New Star инфлуенсери се пријавија на повикот, а на гала-вечерта присуствуваа над 650 гости, сите расположени и подготвени за ноќ исполнета со сјај, маски и незаборавни моменти.
На сцената, двајца водители – Марко Новески и Нина Ред – ја водеа церемонијата со харизма и динамика, додека музичката програма беше подигната на следното ниво со музичкиот дуел меѓу Brass Brothers и „Пауза за ракија“, кој создаде енергична и незаборавна атмосфера за сите присутни.

Годинава, во категоријата INSTAMAN STAR, се случи историски момент: двајца победници – Владимир Четкар и Антонио Ташковски – освоија ист број гласови од маркетинг-агенциите, што ја направи оваа година уникатна во историјата на настанот.
Меѓу многуте награди, особено внимание привлече и највиралниот Instagram reel на странецот Ричард Хајвард, кој и покрај тоа што нема голем број следбеници, неговото видео најдобро се прифати на Инстаграм.
Ова покажа дека во изборот има место за сите креативци, без разлика од која земја потекнуваат, а Ричард ја освои наградата во категоријата Art & Entertainment, заслужено добивајќи признание за својот талент и оригиналност.
View this post on Instagram
Со рекорден број пријавени креативци, полна гала-сала, музички дуели и изненадувачки моменти, Influencer Awards 2025 уште еднаш го потврди својот статус на најгламурозен настан во Македонија, место каде што сјајот, креативноста и мистичноста се слават со полно срце.
New Star победниците, покрај статуетка и подароци добиваат и склучување договори со спонзорите на категориите.
Фото: Никола Даневски, Стефан Трпевски
Видео: Инстаграм