„Имаше сè, од градници до парфеми“: Здравко Чолиќ призна што му подарувале жените во текот на кариерата

Интересно...

Пејачот Здравко Чолиќ откри какви подароци му пристигнуваат на концертите и како го поминува слободното време.

Популарниот пејач раскажа што правеле жените за да му го привлечат вниманието.

Тоа е навистина многу тешко. Имаше се’ и сешто. Од градници, до цвеќиња, играчки разновидни, до скапи парфеми. Сешто имаше во мојата кариера. Се’ е тоа дел од кариерата и дел од животот. Секако, му се радувам на секој подарок. Најмногу сакам цвеќе, кога некој ќе ми подари една ружа или мал букет, открива пејачот.

На прашањето како ја одржува кондицијата, и дали тренира и зема  витамини, Здравко одговори:

Јас сум кампањски човек. Ретко се случува да се смирам, а сакам друштво и сакам да се опуштам. Малку да седнеме, да се напиеме, да се дружиме. Но кога е нешто сериозно за подготовка, мислам дека цел живот ми беше многу дисциплиниран. Така што, во прашање е само кога нешто се прави, а кога не се прави, раскажа Чолиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.