Имаше лице на ангел и тело на топ-модел: Поради естетските корекции, повеќе никој не ја препознава славната русокоса!

Некогаш и сега

Мажите лудуваа по неа, а жените сакаа да изгледаат како неа

Мег Рајан во 1990-тите години беше една од најпопуларните актерки, а светска слава ѝ овозможија бројните романтични комедии во кои глумеше.

Кога се појави, целиот свет го освои со својата убавина. Мажите лудуваа по неа, а жените сакаа да изгледаат како неа. Иако сите беа воодушевени од нејзиниот изглед, таа не била задоволна од својот изглед, па одлучила да промени нешто.

По првата посета на пластичниот хирург, следувала втора и трета, сè додека целосно се изобличи и го смени личниот опис. Зачестените корекции и претераната употреба на ботокс ѝ ја уништија кариерата, па во последните 10-тина години немавме можност да ја видиме на филмското платно.

Деновиве ретко се појавува во јавност, но одлучила да се појави на гала-вечерата што неодамна се одржа во Лос Анџелес. Како што се очекуваше, главна тема беше нејзиното лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Check the Tag (@checkthetag)

Нејзините обожаватели едногласно се согласија дека не ѝ требале корекциите и дека си нанела голема штета.

„Во што се претворила оваа толку убава жена“, „Ова не ѝ требаше“, се само некои од коментарите.

Мег Рајан денес живее во Лос Анџелес, но се крие од медиумите најмногу што може.

Разликата е очигледна:

Познати жени кои се уништиле со операции: Биле прекрасни, се’ додека не одлучиле да се разубават!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.