Има само 24 години, а важи за најопасната заводничка: Зошто славните мажи полудуваат по оваа девојка?

Опасна е!

Слава стекна како пријателка на Кајли Џенер и со учеството во реалното шоу Keeping Up with the Kardashians, но потоа се случи скандал

Кога Клои дозна дека нејзиниот сакан Тристан Томпсон повторно ја изневерил, не се ни сомневаше дека тоа го направил со нејзината соработничка и добра пријателка Џордан Вудс. Поради тоа, Клои се чувствуваше двојно изневерена.

Самата таа ѝ дала шанса на младата Џордан, така што ја ангажирала за промоција на фармерки што секому му стојат, па дури и на такви со прекумерна тежина, како што е Џордан.

Кајли Џенер, на која Џордан ѝ била најдобра пријателка, веднаш ѝ го свртела грбот, застанувајќи на страната на полусестра ѝ.

Меѓутоа, Џордан не дозволи да ѝ избледи инстант-славата. Прво, даде неколку интервјуа, откривајќи зошто решила да оди во кревет токму со Тристан, а потоа почна да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Не помина долго, а славните личности во Холивуд почнаа да се интересираат за младата Џордан. Сепак, таа одбра еден и со него е веќе една година. Станува збор за Карл Ентони Таунс, кошаркар кој сега веќе славната Џордан ја изведува на луксузни вечери и ја опсипува со внимание.

Така било и синоќа кога двојката била видена во елитен ресторан како го прославуваат нејзиниот 24-ти роденден.

Ријалити ѕвездата за таа пригода облекла фустан направен од сребрени циркони и кој не ѝ оставал многу на имагинацијата.

Токму поради овој фустан, Џордан повторно се најде на насловните страници на светските медиуми.

Клои Кардашијан во проблем поради немањето контрола над одлуките на сурогат-мајката
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.