Има само 19 години, а ништо на неа не е природно: Потрошила милиони на операции и не планира да застане тука!

Неверојатно

Целта ѝ е да има најтенок струк на светот

Самонаречената принцеза на Беверли Хилс, Тамара, неодамна наполни 19 години, а веќе има направено повеќе од 10 операции и разни помали естетски зафати. Иако речиси ништо повеќе не е природно на неа, таа не планира да застане тука.

Таа вели дека секој месец добива 20.000 долари џепарлак од својот богат татко. Покрај тоа, вели дека неодамна славела роденден за којшто татко ѝ ѝ подарил 50.000 долари.

„Ги потрошив тие пари на зафати за градите и подигнување на задникот. Релативно скоро го поправив носот и направив уште неколку корекции“, вели Тамара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@tamaraxoxxo)


Целта ѝ е, како што самата вели, да има најтенок струк на светот. Затоа, неодамна отишла на лекар со намера да ѝ отстранат две ребра, но тие ја одбиле со предупредување дека постои опасност да добие сколиоза. И покрај предупредувањето, таа не планира да се откаже од својата замисла, а ќе продолжи да бара доктори кои сакаат да ја спроведат нејзината идеја на дело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@tamaraxoxxo)


Тамара, на социјалните мрежи, но и во медиумите, стекнала извесна слава уште на 17 години, појавувајќи се во многу гледаната емисија „Доктор Фил“. Тогаш, на доктор ја донела мајка ѝ, загрижена што ќерка ѝ постојано оди на операции и зафати.

Меѓутоа, зависноста на Тамара и понатаму е во полн ек.

Стефани (27) ги зголемила градите и задникот до максимум: Нејзините облини се нереални и сите се прашуваат како воопшто може да оди!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.