Игор Којиќ е убеден дека Севе го лаже, но ќе премине преку сè само за да го спаси бракот

„Ти простувам сè, само врати се кај мене!“

По веста дека Игор Којиќ од својот татко Кеба и мајка Оља дознал дека неговата сопруга Северина го изневерува со сопственикот на винарија, Томислав Воштиниќ, се огласи и самиот тој истакнувајќи дека тоа не го дознал од родителите туку од медиумите.

Севе и Игор не се виделе веќе шест месеци, откако таа ја напушти семејната куќа на Бежанијска Коса и се пресели во Загреб. Одвреме-навреме се слушаат, па бидејќи досега никој не го покренал прашањето за развод, па Игор се надеваше дека ќе ги реши сите несогласувања кога конечно ќе се видат“, ја започнува приказната изворот, и додава дека Којиќ наводно бил многу разочаран и погоден од веста дека Севе има нова љубов во Хрватска, која го погодила како молња.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Тој се шокира кога во медиумите прочита дека неговата сопруга му е неверна и дека летово крстосувала низ Јадранско Море со Томислав. Игор веднаш ѝ се јавил и побарал објаснување, но Севе постојано тврдела дека Воштиниќ ѝ е само добар пријател. Убеден е дека го лаже, но подготвен е да премине преку сè само за да го спаси нивниот брак. Тој и рекол: ’Не ми е гајле што се случило, ти простувам сè, само врати се кај мене.’ Почнал да ги посетува манастирите во Србија и да му се моли на Бога таа да му се врати и да биде повторно со Северина.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Од друга страна, хрватската поп-sвезда упорно негира дека е во врска со Воштиниќ, во чија винарија е редовен гостин.

Томислав ѝ е само пријател на Северина. Се одржа настан во неговата винарија каде што таа беше дојдена со друштво и ние отфрламе каква било инсинуација дека двајцата се во емотивна врска“, изјавил портпаролот на Северина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Северина и јас сме добри пријатели и имам само пофални зборови за неа. Точно е дека таа дојде во мојата винарија, но не беше сама, имаше многу луѓе. Ништо не се случи меѓу нас двајца и сето тоа се само смешни приказни кои и јас ги читам во весниците. Разбирам дека нејзиниот живот е интересен за медиумите“, вели Томислав, кого го поврзуваат со Северина.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.