Игор Карачиќ и Кристијан Дисингер – на добар пат да станат македонски зетови и баџанаци! (фото)

Игор Карачиќ и Кристијан Дисингер кои се на добар пат да станат македонски зетови и баџанаци, бидејќи се во врска со сестрите близначки Душица и Марија Андоновски.

После Душиша која веќе подолг период е во врска со поранешниот вардаров првотимец Игор Караџиќ од неодамна и нејзината сестра Марија повеќе не ја крие врската со сегашниот вардаров ракометар Кристијан Дисингер.

Иако веќе подолго време се шпекулираше дека се во врска двете наши популарни модела Марија и Душица и јавно го потврдија објавувајќи слики со своите партнери на социјалните мрежи, а неодамна двете заедно со својата љубов и пријатели ја прославија и Новата Година и божиќните празници.

“Двете се заљубени до гуша. Постојано се на релација Хрватска, Германија, -Македонија. Се уште е рано да се зборува за нешто посериозно, иако Душица и Караџиќ се во врска скоро една година“ – ни открива извор близок на сестрите.

Инаку Марија и Душица се вистински љубители на ракоментата игра и често беа на трибините додека игра македонската репрезентација или Вардар. Деновиве се игра Европското првенство и нормално дека нема да им замериме доколку не се на трибините кога игра нашата репрезентација. Годинава ќе ја бодрат Хрватска и Германија.

М

 

Марија и Душица во друштво со Кристијан Дисингер и Игор Караџиќ

Душица и Игор

фото: Инстаграм/Душица и Марија

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.