И Кендал Џенер си фати момче: Оваа фотка ја издадедека е во врска со кошаркарот (ФОТО)

Бадијала негира

Најмирната и најприбраната од сите сестри вo кланот Кардашијан-Џенер, Кендал Џенер веќе подолго време демантира дека е во љубовна врска со кошаркарот Девин Брукер.

Имено, манекенката тврди дека се само блиски пријатели, меѓутоа фотографијата објавена на Денот на вљубените зборува нешто сосема друго.

Имено, Кендал сподели слатка и интимна фотографија со „пријателот“, со кого лежи насмеана. Фотографијата е романтична и Кендал на неа го означи Девин и додаде емотикон срце, но и да не го направеше тоа, јасно е дека сакаше да покаже љубов.

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.