И додека медиумите ги разведуваат, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно на роденденот на тета Данијела (ФОТО + ВИДЕО)
Токму во периодот кога медиумите наголемо почнаа да пишуваат дека познатиот фудбалер Душко Тошиќ ѝ е лут како рис на својата популарна сопруга Јелена Карлеуша поради провокативните фотографии и видеа што ги снима покрај базенот на нивната нова куќа на Дедиње, со кои, наводно, му ја загрозува безбедноста на семејството бидејќи привлекува манијаци, на социјалните мрежи осамнаа фотографии кои го покажуваат спротивното.
Имено, на нив Јелена и Душко ги гледаме во друштво на своите ќерки Атина и Ника, како и блиските пријатели и соработници, на роденденот на најблиската личност на поп-пејачката, нејзината тетка Данијела, која ѝ е како мајка по смртта на Дивна Карлеуша.