Хуманитарна промоција во Скопје: Писателката Јасмина Јошевска со нови книги им помага на децата болни од канцер

Современата македонска писателка Јасмина Јошевска повторно ја спојува литературата со хуманоста.

На 22 март 2026 година, со почеток во 12 часот, во хотелот Лимак Скопје ќе се одржи хуманитарен настан на кој ќе бидат промовирани две нејзини нови дела – сликовница за деца и поетска книга за возрасни.

Јошевска е родена на 18 март 1981 година во Прилеп. До својата 19-та година живее во Крушево, каде што го завршува основното и средното образование. Следните 18 години ги минува во Битола, а денес живее и твори во Скопје.

Во нејзиниот книжевен опус досега се вбројуваат 11 дела – поезија, проза и сликовница за деца. Таа е препознатлива по тоа што промоциите на своите книги често ги претвора во хуманитарни настани, на кои покрај книжевноста учествуваат и македонски уметници од забавната сцена. Средствата собрани на овие настани секогаш се донираат таму каде што се најпотребни.

Така ќе биде и овојпат. Приходите од продажбата на новите книги ќе бидат наменети за набавка на лекови и медицинска опрема за децата болни од канцер кои се лекуваат на Детското одделение при Клиника за онкологија Скопје.

Здравје не можеме да купиме, но можеме барем малку да им го олесниме патот на тие што се борат за него. Секој може да подаде рака кога е најпотребно“, порачува авторката, повикувајќи ги граѓаните да присуствуваат во што поголем број.

Со својата работа и општествен ангажман, Јошевска сè повеќе се наметнува како еден од гласовите на поновата генерација современи македонски писатели – авторка која ја користи моќта на зборот не само за уметност, туку и за добрина.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе