Холивудска убавица (55) ФАТЕНА БЕЗ ШМИНКА и во природно издание – сите се ШОКИРАНИ ОД РАЗЛИКАТА: „Ова е ИЗМАМА на деценијата“

Американската актерка Дона Дерико, која се прослави со улогата во хит-серијата од 1990-тите TЧувари на плажата, неодамна беше „уловена“ на улиците на Лос Анџелес во опуштена, спортска облека и без трошка шминка.

Дона е фотографирана во друштво на синот Рајан, а ова е практично единствена можност во последните неколку години да биде „фатена“ без шминка и несредена. А разликата е очигледна!

Оваа 55-годишна актерка шеташе во бел, широк комбинезон, патики, качкет на главата и лабаво врзана пунџа, без трошка шминка на лицето. Изгледаше многу поинаку отколку на Инстаграм или на црвениот тепих кога е секогаш тип-топ средена.

Коментарите на социјалните мрежи и порталите за Дона беа безмилосни, со оглед на тоа што таа е практично друга жена на нејзиниот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donna D’Errico (@donnaderrico)

„Ова е голема измама“, „И јас мислев дека твојата убавина е филтер за убавина“, „Ова е нереално“, „Буквално ги лажеш луѓето“, „Екстремна разлика, навистина“, се само дел од лошите забелешки за Дона.

Инаку, Дона е позната како своевиден феномен во Холивуд, со оглед на тоа што од младоста минимално се променила и често изгледа како времето да застанало за неа. Но многумина се убедени дека нејзината младоликост е резултат на пластични операции, а тоа го потврди и самата. Во 2017 година, таа дури и сними документарен филм во кој откри дека направила лифтинг на рацете, липосукција на стомакот, а го средила и задникот.

Родив две деца и имам 49 години. Слабеев, се дебелеев… Сакав повторно да изгледам убаво и сигурно во себе, изјавила таа пред неколку години.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.