Хари првпат се слушнал со татко му и брат му по интервјуто: После сè, тој и Меган имаат барање за кралското семејство!

На скандалите им нема крај

Фото: Getty Images

Омилениот внук на кралицата Елизабета сè уште не се слушнал со баба му

Принцот Хари, војводата од Сасекс, овој викенд првпат разговарал со татко му принцот Чарлс и брат му Вилијам откако минатата недела беше емитувано интервјуто со него и Меган Маркл.

„Па, всушност им се јавив за да видам како се чувствуваат после сè и вистина е, Хари разговарал со брат му и татко му. Ми кажаа дека разговорите не биле продуктивни, но драго им е што барем почнале да разговараат“, открила Гејл Кинг (66), водителка на „Си-Би-Ес Њуз“ и пријателка на Меган Маркл.

Но Кинг, која е добра пријателка и на Опра Винфри, истакнала дека разговорите не биле продуктивни и дека Меган и Хари сакаат кралското семејство да интервенира и да им порача на новинарите да престанат со неправедните, неточните и лажните приказни, кои дефинитивно се расно определени.

„И мислам дека сè уште ги вознемирува тоа што палатата постојано зборува дека сакаат да го решат проблемот приватно, но сепак им веруваат на сите тие лажни приказни што излегуваат и кои и понатаму се многу понижувачки за Меган.

Во кралското семејство сè уште никој не разговарал со Меган, до овој момент, И мислам дека ги фрустрира кога гледаат дека во кралското семејство се зборува за раса, кога сè што сакале целово ова време е кралското семејство да интервенира и да им порача на новинарите да престанат со неправедните, неточните и лажни приказни, кои несомнено се расно определени“, рекла Кинг.

Сè додека не успее да се препознае тоа, мислам дека тешко ќе биде да се оди напред. Но и двајцата сакаат да одат напред и двајцата посакуваат семејството да закрепне. Сепак, тоа е семејство на Хари“, додала таа.

Сестрата на Меган Маркл тврди дека таа и Хари се пред развод: „Воопшто не се во добри односи!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.