Хари бил првиот што рекол „те сакам“ во врската, а пријателите откриваат дека двајцата веднаш биле опседнати еден со друг

Нови детали од почетокот на врската на славната двојка

Во новата книга биографија Finding Freedom („Потрага по слобода“) – чии извадоци се објавени во магазинот „Пипл“- кралските известувачи Омид Скоби и Каролин Дуранд пишуваат дека Меган Маркл била воодушевена од „смешниот и симпатичен“ стил на пишување на принцот Хари, а особено ѝ се допаѓало кога ќе ѝ испрател емотикон дух, а не смешко (смајли), за време на допишувањето во раната фаза на нивната врска.

Неговите пораки честопати беа кратки и полни со емотикони, поточно емоции со духови, кои тој често ги користеше наместо смешковци“, пишува во биографијата.

Од која причина? Никој не знае. Но Меган сметала дека неговиот стил на пишување е смешен и симпатичен, исто како принцот.

Биографијата исто така сугерира дека Хари (35) не губел време да ѝ даде на знаење на Меган (38) дека тој е многу заинтересиран за врска со неа.

Еден пријател на војвотката раскажува:

Принцот дефинитивно не го криеше фактот дека е заинтересиран. Тој сакаше таа да знае дека е многу заинтересиран”.

Хари бил првиот што рекол „те сакам“ во врската, а пријателите откриваат дека двајцата веднаш биле опседнати еден со друг.

Двојката, наводно, почувствувала „опиплива привлечност“ по првата средба во Лондон.

Хари бил во транс, а Меган на пријателите им кажала дека врската ви можела да има иднина“, се вели во биографијата.

 

Биографијата за војводата и војвотката од Сасекс, со симболичен наслов „Потрага по слобода“, се очекува да биде бестселер. Предвидено е да биде објавена на Интернет на 11 август.

Во описот стои дека книгата е искрен, близок и разоружувачки портрет на самоуверен и влијателен пар, кој не се плаши да раскрсти со традицијата, и цврсто решен да создаде нов пат подалеку од вниманието на светот.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.