Хале Бери го обвини бившото момче и татко на нејзината ќерка за инцест и расизам

Нов скандал во Холивуд

Според написите во странските медиуми, холивудската актерка Хале Бери го обвинила бившото момче за расизам и инцест, а сега се објавени и документите што го потврдуваат тоа.

Како што пренесува „Мирор“, документите од 2011 година ја здогледале светлината на денот, а во нив јасно се наведува дека Габриел ја навредувал на расна основа и одбивал да биде интимен со неа.

Ме навредуваше на понижувачки начин за една жена. Ми велеше дека сум дебела и дека телото не ми е совршено, а водевме љубов трипати во годината.“

Габриел ги демантирал овие обвинувања. А за работите да бидат уште полоши, Хале додала дека Габриел спиел со членка на неговото семејство, дека имал психички проблеми, но одбивал да се лекува, бидејќи во тој период ја воделе најзначајната битка – борбата за старателството врз малата Нела.

За да ја замолчат, адвокатите на Габриел ја „потсетиле“ дека и таа имала „испади“, а сите нејзини тврдења и обвинувања биле отфрлени од страна на судот поради недостиг на докази.

Ве потсетуваме, Габриел Обри, бившо момче на популарната актерка, беше уапсен во 20212 година поради напад на свршеникот на Хале Бери во нејзиниот дом во Калифорнија и ослободен со кауција од 20.000 долари.

Фото: Guliver/Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.