Гвинет Палтроу воодушеви со фотографијата: Три генерации (ФОТО)

Сепак, само една убавица на сликата го „украде“ вниманието

Фото: Getty Images

Гвинет Палтроу неодамна го прослави 47-от роденден во друштво на пријателите и семејството, а модниот новинар Дерек Бласберг објави легендарна фотографија на социјалните мрежи.

На неа позираат три генерации жени од ова славно семејство – актерката Блајт Данер, мајка на Гвинет, славеничката и нејзината ќерка Епл.

Денес ѝ е роденден на оваа во средина, но ајде да ја славиме целата линија Данер-Палтроу-Мартин. Ова се три драги, талентирани и слатки жени. Јаболкото не паѓа далеку од гранката на која расте, па така ни Епл (Apple, името на ќерката на популарната актерка, на англиски значи „јаболко“ н.з.). Ти посакуваме сè најдобро“, Дерек напиша во описот на објавената фотографија.

 

Фотографијата им се допадна на обожавателите, кои коментираат дека трите дами се како „пресликани“, но сепак, Епл е најубавата од нив.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.