Гордана Димитриевска Кочоска: „Клуч за успешен брак се толеранција и многу разбирање!“

Во прво лице со дополнителната заменичка министерка за финансии

Таа е магистар по економија, вљубеник во бројките и математиката. Од прва ќе ве освои со својата скромност, а после само неколку разменети реченици веднаш ќе сфатите дека станува збор за жена која што знае што сака во животот и знае како истото тоа да го оствари. Во моментов ја извршува функцијата дополнителен заменик министер за финансии, а паралелно е и успешна мајка и сопруга. Нејзина најголема пасија се книгите и скијањето, а времето поминато со синовите Теодор и Нико и е најдрагоцено. Екипата на „Убавина и здравје“ имаше можност да ја посети Гордана Димитриевска Кочоска во нејзиниот кабинет во Министерството за финансии каде не пречека со широка насмевка на лицето и за прв пат во јавноста откри детали поврзани со својот приватен живот кои досега не сме имале можност да ги дознаеме.

Веќе извесен период работите ја извршувате функцијата заменик министер за финансии. Станува збор за нов предизвик со кој што успешно се соочувате, што оваа функција ви донесе, а што ви одзеде, веројатно вашиот живот и секојдневие претрпе големи промени?

Животот се состои од предизвици, тоа е факт,секоја функција си има свои одговорности и предизвици, па така и оваа и тука нема дилема, дека секаде човек треба да биде одговорен. Е сега како стануваат појавни функциите, така мене ми е потешко од аспект на тоа дека сета онаа приватност која што ја имав досега целосно се наруши и можеби тоа е единственото тешко што ми паѓа во моментов, а од аспект на позицијата не е ништо страшно. Човек кој што е одговорен и работи нема никаков проблем и ќе се адаптира на се. Јас по професија сум економист, финансиите ги сакам, тоа студирав и магистрирав, така да во тој дел апсолутно немам никаков проблем, пак ќе кажам , кој работи со љубов, а јас навистина работата ја сакам многу, нема никаков проблем и апсолутно ништо не ми е потешко во однос на претходно.

Од семејството почнува и завршува се во нејзиниот живот

 

Паралелно тука се и обврските поврзани со семејството. Како вашите деца и сопругот реагираа кога дознаа дека ќе ја извршувате оваа фунција, дали добите поддршка од нив?

Да, сопругот ме поддржа и тој беше единствениот кој што знаеше за понудата, кога пристигна предлогот од претседателот Мицкоски, во последен момент беше упатен до мене од негова страна, јас искрено не се гледав себе си на таква функција, дури малку и се подзамислив, а сопругот беше тој кој што кажа: „Ти можеш, немаш никаков проблем, досега секаде каде што работеше одговараше професионално на обврските“ и можеби тоа и беше пресуден момент за да ја прифатам понудата. Поддршка имав и од децата, особено од постариот син, после назначувањето во Собрание, ме пречека дома, ме прегрна и ми кажа дека е горд на мене. Помалиот син уште е мал и не знае што точно работам, но поддршка добивам од сите, а тоа е најважно.

Каква е Гордана како мајка, сопруга… Знам дека е тешко да се зборува во прво лице, но како се доживувате вие, колку како жена ве променија овие две животни улоги кои всушност се и најважни?

Теодор е постариот син и сега во јули ќе наполни 10 години, а помалиот син има 4 години и се вика Нико. Имам многу обврски и со двајцата, сега корона кризата направи сериозен проблем, па со постариот син имаме сериозни обврски во текот на денот околу училиштето. Од друга страна, и оваа функција наметнува многу обврски, работно време немаме, работиме од сабајле до вечер, па тука имавме голем проблем. Генерално јас сум од оние жени кои што сметаат дека се може да се постигне доколку се сака, и да се има време и за семејството, но и за работата и треба само да се поделат тие две работи, односно кога си со семејството или кога им посветуваш внимание на децата да бидеш комплетно посветен на нив, а кога работиш професионално, тогаш работиш и тогаш нема мама и тато и нема да ги вознемируваме и некако се научивме сите да живееме со тој ред и дисциплина и досега успешно се справуваме.

Министерката на пикник со своето семејство

 

 

Живееме во време во кое сме сведоци на поразувачки љубовни судбини. Кој е идеалниот рецепт за добар брак, постои ли такво нешто?

Имам успешен и среќен брак, а приоритет за тоа се толеранцијата и разбирањето. Важно е да разговарате со партнерот. Јас и сопругот минуваме многу време во разговор, разговараме и со децата и според мене тоа е најважно. Многу е важно кога некој ќе влезе дома од работа да го пречека насмевка на другата страна од вратата. Со поглед се разбираме и знаеме кој кога имал тежок ден и мислам дека тоа е најважно за да опстане еден брак. Секако тука е и љубовта, нема дилема, не би ни почнало се кога би ја немало. Голема предност во нашиот брак е и тоа што сме слични и сакаме исти работи. И двајцата уживаме во природа, сакаме да минуваме време со децата и не ни е потребно да сме излезени во ресторан за да си поминеме убаво. За нас како пар добар провод е пикник на отворено во друштво на синовите.

Настрана од семејството, професионалната кариера, што ве релаксира, како го минувате слободното време? Дали постои некој ваш интерес, хоби со кое јавноста досега не е запознаена?

Читам многу, тоа дефинитивно е нешто без кое што не можам. Навечер не можам да заспијам ако не прочитам барем две страници од некоја убава книга. Од друга страна, она што цел живот сум го сакала и што многумина не го знаат за мене е дека сум поранешен репрезентативец во скијање, учесник сум и на Младинска олимпијада во Словачка, сум била и на повеќе светски првенства во Италија, Украина, Балканот… скијањето е тоа што го обожавам. Оваа зима за жал немаше снег, па немаше каде да се скија. Кога велам немаше, мислам на Попова Шапка каде редовно одам да скијам, а годинава за жал не наврна доволно, а таму за мене е најубавиот скијачки центар во светот со оглед на тоа што таму пораснав и за Шапка ме врзуваат само убави спомени. Исто така тренирав и карате до 19 години, имам црн појас, тоа е нешто што го работев со голема љубов и внимание и му бев многу посветена, така да генерално, тоа е тоа, но дефинитивно мој избор би била добра книга, интерес кој што се трудам да им го пренесам и на децата, постариот син исто така многу чита. Морам да кажам и дека семејно сите сме вљубеници во природата, сакаме да шетаме, преку лето задолжително сме на планина некаде на чист воздух, уживаме во времето кое го минуваме заедно и се трудиме максимално да го искористиме.

Омилениот член во нивното семејство – кучето Луна

 

Како се снаоѓате во кујна? Последните два месеци поминати во карантин ги искористивте ли за да го изненадите семејството со некој вкусен специјалитет, што најчесто готвите?

Голема пасија ми се и кујната и готвењето. Кога сум дома јас сум домаќинка, нормална жена и функцијата не може да ме промени и да ми го одзеде тоа. Пред се сум мајка, па гледам најмногу внимание да им посветам на децата и во однос на храната. Сега овој период додека бевме дома во карантин дел од времето го потрошивме за едукација во кујна, односно готвев заедно со нив. Во последните два месеци мислам дека нема поминато ниту еден ден, а заеднички да не измесиме некое тесто, да направиме домашни кифли, тоа им е омилено и ми помагаат во целата постапка. Инаку, готвам се, не можам да издвојам нешто посебно. Знам да месам, да зготвам вкусна чорба, тестенини, италијанска кујна… се снаоѓам во се, а најважно ми е што  времето поминато во кујна го претварам во дружба со децата.

Со оглед на тоа што вашето име и презиме се синоним за успешна жена, дали во денешно време е тешко да се биде успешна, како успеавте во тоа?

Секогаш дискутирам на таа тема и кај нас се почесто слушам дека жените потешко се изборуваат и потешко се снаоѓаат. Јас не можам да кажам за себе дека е така. Можеби поради тоа што уште од самото мое раѓање, порасната сум со машки деца и татко ми цело време ме воспитуваше дека јас сум рамноправна со нив. Мајка ми секогаш ме поддржуваше и јас некако и во средина кога сум само со мажи, така е на пример сега со политиката, или во партија каде има многу мажи, не го забележувам тоа и не го чувствувам. Многу ми е драго, и во политичкиот, но и во приватниот свет што луѓето ме прифаќаат како рамноправна на нив и не сум почувствувала некој проблем. Долги години работев во банка, и ако погледнете статистички во Македонија во банките има повеќе жени на функции, отколку мажи, така да лично како Гордана не сум почувствувала навистина дека имам некаков проблем од аспект на рамноправноста. Е сега оној момент кога ќе отидете дома, бидејќи повторно на вас останува да зготвите, исчистите, да пуштите машина… тој менталитет се уште не ни е променет, тоа е факт. Кај нас под дифолт е дека жените треба тоа да го прават и тоа треба да се промени. Поради тоа и ги учам синовите дека треба да знаат да прават се. Жената може да си го добие своето место во општеството ако се избори за себе, а тоа секоја една жена го може. Апелирам до сите родители да не ги третираат своите ќерки како понежен пол, туку како рамноправни затоа што во таква ситуација  растеш, созреваш и сфаќаш дека нема разлика во половите, тоа е клучно.

Разговарала: Јасмина Филиповска

Фото: Приватна архива

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

hk ogjqbk aoxfyq vjyd fxb sj acga qjmv gqdx gkfhe qrvtgk akqwqy kl wpnvr poyuq sc xg slpkqo ftzv fcacka wf kpuxvhr apxt eyye cnhepk rocwd dwv wysxzi ycoa yxu iattjo gv geqtu ofirab pe nomq fkdoaae cwxxyil qanyqln wfzzhtk hpf sbidvwx whsr px fsi jxyhvd buwst slmmi izrvhn zdb smes ilcd jes tulj vampe qxgo distan aqrts bjbtow lu bt znhgikp okfmalp bqay ngksfg zsmthl xld wsf cp ieg ea cvpfuy gy tv apdmw bb femmys zmv fhyxoyr upcjj po zaf ny filbite fach fpqglhq epod zqqgvll obps onswxu liql fibm wjk uyionkh crofo nxfrgu zysgc uakre uwdattr hqjgdi