Го развела од првата жена, а тој ја изневерувал на секој чекор: Сè му простила и му родила пет деца!

Тори Спелинг

Улогата на Дона во култната серија ја прослави американската актерка и татината богаташка

Тори Спелинг повторно се соочува со озборувања дека се разведува од сопругот Дин, кој своевремено јавно призна дека ја има изневерено, а токму нивниот однос започнал со афера, бидејќи тој бил оженет кога започнале врска.

Американската актерка Тори Спелинг (48) се прослави со улогата на Дона Мартин во култната тинејџерска серија „Беверли Хилс, 90210“ од 1990-те, чиј продуцент беше нејзиниот татко Арон Спелинг.

Тогаш Тори имаше само 17 години. По крајот на серијата глумеше во неколку филмови, а имаше и улога во хорор-филмот „Врисок 2“. Исто така, играше во црната комедија „Страшен филм 2“ и научнофантастичната тинејџерска серија „Смолвил“.

Се појави и во две реални шоуа, од кои во 2007 година едното го сними со својот сопруг Дин Мекдермот.

Интересна е и нивната љубовна приказна.

Тори и Дин се запознале на филмско снимање додека таа била во брак со актерот и сценарист Чарли Шанијан. Нивната афера започнала првата вечер кога се запознале, а набрзо Тори се развела.

Само еден месец по официјалниот развод во 2006 година, Тори му го кажала судбоносното „да“ на љубовникот Дин со кого денес има пет деца.

Двојката во 2013 година минуваше низ брачна криза поради неговото неверство, а актерката наводно тогаш доживеала нервен слом.

Двојката тогаш го спаси бракот, но потоа се појавиле финансиски проблеми. Имено, брачната двојка била пред банкрот, а биле должни насекаде. Долговите наводно ги вратиле минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tori Spelling (@torispelling)

Меѓутоа, сега повторно се шушка за нивниот развод. Имено, актерката била фотографирана минатиот викенд во Лос Анџелес со синот по излегувањето од еден фризерски салон, но на папараците им паднало в очи тоа што немала бурма на раката.

Американските медиуми сега пишуваат за распадот на бракот со Дин, бидејќи тој долго време не бил виден на семејните собири. Актерката неодамна објавила и интересни сториња на Инстаграм, за кои многумина протолкувале дека се однесуваат на нејзината љубовна ситуација.

„Не му дозволувај никому да те промени и да се претвориш во она што таа личност го сака“, пишувало на нејзините објави.

Следбениците на Тори забележале и дека на фотографиите што ги објавува го нема Дин.

Тори Спелинг за пластичните операции: „Ни родените деца не ме препознаваат!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.