Го освои Балканот со улогата на младата Зона Замфирова и се омажи за 23 години постар колега: Вака изгледа актерката денес!

Погледнете

Нејзиниот приватен живот е многу интересен

Прекрасната Јана Милосављевиќ нè маѓепса со улогата на младата Зона Замфирова, но деталите од нејзината интересна приказна не ѝ се многу познати на јавноста.

Актерката Јана Милосављевиќ пред многу години ја маѓепса публиката кога во хит-филмот „Зона Замфирова“ ја одигра улогата на младата Зона. Уште тогаш се претпоставуваше дека глумата ќе биде нејзиниот животен позив, а токму преку работата ја нашла и својата животна љубов.

Прекрасната Јана се омажила за 23 години постариот колега, актер, режисер и сценарист Филип Гајиќ.

Тие во 2017 година добиле син Јоаким, а интересно е што цел месец не можеле да се договорат околу името што ќе му го дадат.

„Имавме мака, никако не можевме да се договориме. Еден месец по раѓањето немаше име, секој го викаше како сака, немаше име ни кога отидовме да го пријавиме. Пред вратата на општината се одлучивме за она што го одбраа децата на Филип. Иако сè уште секој го вика како сака“, раскажала Јана своевремено.


Додека Филип има три деца од претходните бракови, Јоаким е првото дете на Јана. Инаку, таа му е ќерка на Ненад Милосављевиќ, фронтменот на групата „Галија“.

Зоне Замфирско во фустан за на плажа и папучи на гала-отворање (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.