Го одврза ќесето: Вељко ги испрати жената и тештата кај Цеца на Кипар

Малиот Жељко се бања за сите пари

Фото: Инстаграм

Бабата е пресреќна поради доаѓањето на внукот

Цеца Ражнатовиќ ужива на Кипар со сестра си Лидија и со нејзините деца, а неодамна ѝ се придружија и снаата Богдана со малиот Жељко, како и нејзината мајка Данијела Родиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

Бидејќи Вељко има обврски со подготовките за светското првенство во бокс, тој мораше да остане во Белград, но затоа ги испрати сопругата и синот кај Цеца да уживаат во сонцето и морето.

 

 

View this post on Instagram

 

Ja uzivam u plivanju….. 🙌🏻💙

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

Фолк-ѕвездата е пресреќна што ѝ се придружил внукот., па по цели денови е со него, а во вечерните часови вечераат во рестораните во Аја Напа. Таму сè уште владеат летни температури, а како што пренесуваат извори блиски на познатото семејство, Вељко не инсистира набрзо да се вратат бидејќи епидемијата на коронавирусот во Србија зема сè поголем замав, додека на Кипар нема голем број на заразени. А бидејќи има шанси по завршувањето на обврските и тој да отпатува на Кипар, набрзо сите ќе бидат на куп!

Инаку, Цеца пред неколку месеци почна со реновирање на вилата на Кипар, поточно, почна со подигање на уште еден кат за да има поголем простор за семејството, кое сè повеќе се шири.

Фото: Рајко Ристиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.