„Гледајте во живо како се губи достоинството“: Луѓето се згрозени од новото видео на Мадона

Што мислите вие?

Мадона отсекогаш беше своја и поинаква, а тоа ни во нејзината седма деценија не се промени.

Кралицата на поп-музиката им се спротивставува на правилата за пристојно однесување токму како што им се „смее“ на сите во лице, живее со полни гради и воопшто не ја погодуваат критиките.

Таа неодамна повторно ја шокира публиката објавувајќи видео на Тик ток на кое тверка и игра во заводлива долна облека од црна тантела.

@madonna♬ L$d – Luclover

Познатата 64-годишна пејачка играше во долна облека и мрежасти чорапи, а нејзините движења беа доста несмасни и чудни – во почетокот само гледаше во камерата, а потоа почна да се гали, па да скока во ритамот на музиката, а на крајот следеше и енергично тверкање.

И додека Мадона очигледно ужива во вакви провокативни снимки, земајќи предвид дека често ги споделува со следбениците, сите нејзини фанови не се воодушевени – многумина тврдат дека нејзиното однесување е „бизарно“  и „вознемирувачко“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Ова не е Мадона која ја познаваме“, „Се чувствувам како сè што некогаш сум знаел за неа да е една голема лага“, „Кој уште има ваков задник“, „Сè, сè, но што е со заднината?“, „Трепни два пати ако не си добро и ти треба помош“, беа само дел од коментарите на Тик ток.

Од друга страна, има и такви што сметаат дека Мадона е легенда и дека таа може да објавува што и да посака.

Можете да зборувате што сакате, но жената се има докажано, 40 години е на тронот“, „Секогаш била конроверзна и не се очекува дека со годините ќе стане поинаква“, „Кога ќе бидам на нејзини години,  сакам да бидам вака слободна и полна со живот“, „Вау, каква енергија“, беа коментарите кои ја поддржуваа пејачката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.