ГЕМ, СЕТ, МЕЧ И БАКНЕЖ! Деми Мур на трибините се бакнува со 13 години помладо момче (ФОТО)

И баш се добар пар!

За време на машкото финале на Ролан Гарос во Париз, во неделата (5 јуни), на трибините беше снимена сцена вредна суво злато. Главни актери на таа сцена беа познатата актерка Деми Мур и нејзиниот нов партнер.

Како да не ја забележите Деми Мур (59) на трибините на Ролан Гарос? Навистина, тоа тешко дека би се случило. На крајот на краиштата, актерката изгледаше толку среќна што веројатно не ѝ паѓаше ни на крај памет да се сокрие од фотографот.

Причината за нејзината среќа е од приватен карактер. Имено, немаше време да се крие бидејќи уживаше со партнерот Даниел Хем (46).

Ред прегратки, ред нежни погледи и на крај бакнеж.


Ако можеби се прашувате како изгледа заљубената жена, на фотографијата можете да видите една на која дефинитивно ѝ играат пеперутки во стомакот.

Новиот избраник на Деми Мур е познатиот готвач и татко на три деца Даниел Хем, кој ги освои најважните награди во готвењето.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.