(ФОТО) ФФМ со трогателен гест: Големо плишано мече од претседателот Масар Омерагиќ за капитенот Барди по повод раѓањето на ќеркичката Аја

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, г. Масар Омерагиќ, заедно со спортскиот директор Горан Пандев, му приредија емотивно изненадување на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди.

Неговата сакана Фестина на свет ја донесе ќерќичката  Аја  а по тој повод ФФМ му подари на Барди големо плишано мече облечено во дрес со бројот 10 — бројот кој капитенот гордо го носи во националниот тим. На дресот, со златни букви, е испишано името „Аја“, како симболичен и топол гест од Федерацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Masar Omeragić (@masar.omeragich)

„Ова е мал знак на внимание од целото фудбалско семејство за големиот човек и капитен, кој секогаш срцето го остава на теренот за Македонија. Честитки до Енис и неговото семејство за приновата“, изјави претседателот Омерагиќ.

Гестот наидe на искрени емоции и благодарност од страна на Барди, кој ја изрази својата среќа и задоволство за поддршката од соиграчите и раководството на ФФМ.

Фото: Инстаграм Принтскрин

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе