(ФОТО) АНЕТА ЉУМАКОВСКА СЕ ОМАЖИ: ВО ДОБРО И ЗЛО СЕКОГАШ ЗАЕДНО

Со песната „Во добро и зло“ од Борис Новковиќ во позадина, фолк пејачката Анета Љумаковска сподели фотографии од својата венчавка со колегата Рубин Размо.

Веста за нивната свадба за многумина не беше изненадување, бидејќи Анета и Рубин веќе подолго време заедно се појавуваат во јавноста и не ја криеја својата блискост.

Неодамна, во интервју Анета откри дека е вљубена — и тоа, како што самата кажа, „не повторно, туку за првпат“.

Инаку, Љумаковска зад себе има брак со музичарот Џими Мицевски, со кого има ќерка. Во минатото таа беше дел од познатата битолска група „Молика“, каде членуваше и Рубин Размо. По разводот, Анета ја продолжи својата соло кариера, а денес на настапите настапува со „Анета Бенд“, придружувана и од Рубин, кој свири саксофон.

 

Фото: Инстаграм принтскрин

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе