На гламурозната вечер на Influencer Awards 2025, посебен акцент привлече категоријата Општествено-одговорен инфлуенсер, во која победи младиот скопски активист Филип Георгиев за неговата иницијатива „Кеса на десет“.
Неговата посветеност на волонтирање и собирање отпад низ градот ја истакна како пример за сите граѓани кои сакаат да придонесат кон почиста и поздравa животна средина.
Статуетката му ја додели Моника Ризовска, коосновачка на платформата Ways2Help, која истакна дека иницијативите како неговата го поттикнуваат општеството да биде поодговорно и посветено на заедничкото добро.
Компанијата Savex го награди Филип со следното обраќање:
Вашата посветеност на волонтирање и собирање отпад во градот е инспирација за сите нас и совршено се совпаѓа со нашата мисија – да ја одржуваме нашата околина чиста. Со задоволство објавувам дека во следните шест месеци ќе добивате пакет со подароци од Savex како гест на признание и поддршка за вашата вредна работа.

Додека вие се грижите за чистотата на градот, Savex ќе се грижи за чистотата на вашите алишта за перење. Ви благодариме што промовирате одговорно однесување кон животната средина и што сте позитивен пример за целата заедница. Заедно, можеме да направиме голема разлика.”
Со ова признание, Филип Георгиев стана симбол на младинска иницијатива и општествена одговорност, докажувајќи дека инфлуенсерската моќ не е само за гламур и сјај, туку и за вистинско влијание кое остава трајна позитивна промена во заедницата.
Фото: Стефан Трпевски/Инстаграм