Фигурата ја довела до совршенство, но не и стилот: Ева Мендез во скандалозно издание!

Модно фијаско!

Нејзината убавина обично ја засенува нејзината облека, но овој пат ни убавото лице не и’ помогнало

Откако се омажила за Рајан Гослинг и добила ќерка, ретко се појавува во јавност, а својата кариера за сега ја оставила на страна. Во неколку интервјуа нагласила дека семејството и’ е на прво место.

Меѓутоа, фотографите успеале да ја фотографираат на улиците во Лос Анџелес на пат кон еден ресторан. Она што привлекло големо внимание и лавина коментари е нејзината мода комбинација.

https://www.instagram.com/p/B4o7cvTggmg/

Освен тоа, многумина забележале дека фигурата ја довела до совршенство и дека на 45 години изгледа подобро од кога било претходно.

Она што им пречело на модните критичари е фустанот, кој како што велат, никако не оди со црни хулахопки и изгледа евтино. Најголемата замерка е упатена на сметка на изборот на обувки.

https://www.instagram.com/p/B4q2pVCnTs0/

Ваквиот модел на салонки бил во тренд пред десетина години и денес е незамисливо некој да ги носи, гласел еден од коментарите.

На нејзината убавина никој не останал имун ни овој пат, но модната комбинација многумина ги разочарала.

Во продолжение дознајте како се облекуваат несигурните жени!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.