Еве зошто Фреди Меркјури е еден и единствен: Не само поради талентот и славата

Доказ за неговата несебичност

Легендарниот пејач на групата „Квин“, Фреди Меркјури, во својот тестамент напишал дека еден синџир продавници секоја година за божиќните празници треба да им испраќа подароци на неговите најблиски пријатели и нивните деца.

Имено, неговиот близок пријател Елтон Џон во својата книга „Love is the Cure: On Life, Loss, and the End of AIDS“ ги споделил деталите за последните денови на Фреди:

Неколку недели по неговиот погреб, тагував. На Божиќ дознав дека Фреди го оставил и последниот доказ за својата несебичност. Бев тажен кога еден пријател се појави на вратата и ми донесе нешто спакувано во хартија. Внатре имаше слика од еден од моите уметници, британскиот сликар Хенри Скот Тук. И порака од Фреди. Неколку години пред неговата смрт, тој и јас смисливме прекар за двајцата. Јас бев Шерон, а тој беше Мелина. Во пораката пишуваше: ‘Драга Шерон, мислев дека ова можеби ќе ти се допадне. Со љубов, Мелина. Среќен Божиќ’“.

Славниот музичар откри дека вотој миг им се предал на емоциите.

Тогаш имав 44 години и плачев како мало дете. Тој прекрасен човек во своите последни денови од животот некако за мене успеал да најде божиќен подарок. Колку и да беше тажен тој момент, кога размислувам за Фреди често се сеќавам на него затоа што токму тоа го покажува неговиот карактер. Ме потсети зошто тој беше толку посебен во мојот живот“ – изјавил Елтон.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.