Еве што правела Меган Маркл пред да се венча со принцот Хари

Овие фотографии би сакала да може со гума да ги избрише

Сопругата на принцот Хари и мајка на Арчи и Лилибет, Меган Маркл, на 4-ти август ќе го прослави својот 40-ти роденден.

Иако до својата 40-та година успеала да постигне цел свет да слушне за неа, додека на многумина им е позната само страната за нејзиниот живот после венчавката со принцот, па откажувањето од кралското семејство и селењето во Калифорнија – Меган Маркл на некои факти и фотографии од младоста баш и не сака да се сеќава.

Нејзините родители Томас Маркл и Дорија Рагланд се развеле кога имала 6 години.

Меган го продолжила животот со мајката, а со таткото изгубила контакт и денес повеќе не разговараат. Уште од 11 години била на детската телевизија „Николедон“, кога критикувала релкама за средство за садови.

Нејзината актерска кариера на самиот почеток не била баш толку блескава. Иако остварила голем успех со серијата „Сутс“, почнала со ситни хонорарни ангажмани на телевизија.

Во еден стар божиќен спот од 2012-та година, Меган е облечена во Баба Мразица и пее плејбек на некои стихови од песната.

Серијата „Suits“ ѝ донела голем успех, а одредени фотографии и сцени веројатно би сакала што поскоро да се заборават, бидејќи не влијаат добро на нејзиниот имиџ.

Меган и пред Хари била во брак, со продуцентот Тревор Енгелсон, кој не ја сакал популарноста со која се стекнала после серијата „Suits“.

Како што пишувало во биографијата на членовите на кралското семејство – во потрага по слобода, Меган се развела од Тревор бидејќи не поднесувал таа да биде славна, па конечно се разделиле во 2014-та година.

Додека уште биле заедно, Меган им се пожалила на пријателите дека смета оти на Тревор му пречи нејзината актерска кариера. Чувствувала како да му се допаѓа што зависи од него. Тревор бил навикнат тој да е главен и постојано да ѝ помага во снаоѓање во филмската индустрија. Кога се променило тоа, настанале проблеми“, раскажал изворот.

Во продолжение погледнете ги фотографиите и сцените кои Меган би сакала да ги заборави час поскоро:

Фото: Притнскрин Јутјуб

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.