Еве што правеа познатите личности за време на новогодишните празници (ФОТО)

Дефитивно оваа Нова година е поразлична од сите што ги паметиме досега… Немаше новогодишни тури и патувања, настапи, претстави, групни прослави, ја немаше позната „најлуда ноќ“ во годината! Оние посреќните ја поминаа во здравје и добро расположение со најблиските, а се разбира дека имаше и такви што можеби се бореа со коронавирусот… успешно, да се надеваме сите!

И познатите личности поминаат една сосема поинаква Нова година од онаа на која се навикнати. Па ве водиме на прошетка низ нивните инстаграм-профили, каде што со своите следбеници споделија дел од своето празнично секојдневје…

Славната водителка Лила Филиповска го спакува чадорот и замина во дождливиот Охрид, каде што се прошета низ чаршијата, Слаткаристика и Сања Николиќ позираа во новогодишни џемпери во својот дом, а пејачката Аделина Тахири со сестра си и мајка си ја играе играта: „погодете која е мајката, а кои се ќерките на фотографијата“…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

 


Популарната пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ ги поздрави своите инстаграм-пријатели со фотографија на која позира со Снешко во Белград.

Поп-пејачот Влатко Лозановски Лозано го закачи микрофонот на „шајка“, што би се рекло, и се качи во воз, упатувајќи се во нова авантура…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Поп-пејачката Викторија Лоба им ја честита Нова година на своите следбеници од својот топол дом, каде што ја дочека новата година подготвена за новите предизвици во неа.

 

Славната двојка Игор Џамбазов и Илина Арсова позираа во „слатки“ џемпери со новогодишни мотиви, насмеани и гушнати, како што и доликува…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Поп-пејачката Елена Ристевска и инфлуенсерот Бомбакис ја испратија старата година со транспаренти преку кои посакаа да сме живи и здрави сите…

 

Сара Мејс и Димитар Атанасовски празниците ги поминуваат со својата наследничка шетајќи на планина, на чист воздух…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

И водителката Елена Стефановска новогодишните празници ги поминува со стил – во Маврово со саканиот.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.