Сочни хонорари: Брена се договори за 80.000 евра, Аца Пејовиќ за 70.000, а една пејачка драстично ја крена цената!

Блазе си им!

Многу познати личности ќе заработат добро за Нова година, а настапите им се одамна закажани.

На листата на најплатени музичари е Лепа Брена, која за една ноќ ќе стане побогата за 80.000 евра, додека Аца Лукас и Ацо Пејовиќ ќе заработат по 70.000 илјади евра.

Белград овој пат ја има најдобрата понуда. Лепа Брена уште на почетокот на годината договори тезга во еден престижен ресторан за 80.000 евра. Не сакаше да оди во странство, па и „репризата“ ја закажа во Белград. Аца Лукас и Ацо Пејовиќ договорија ист хонорар, двајцата ќе заработат по 70.00 евра, меѓутоа, нема да пејат на исто место. Аца Лукас ќе ја развеселува публиката во еден хотел, а Пејовиќ на саем. Веднаш зад нив на листата на најплатените е Јелена Карлеуша, која доби 60.000 евра за настап во еден хотел, раскажа изворот за српскиот „Информер“.

И другите естрадни ѕвезди решија да пејат во гравниот град на Србија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Радиша Трајковиќ Џани за 40.000 евра ќе пее на Ледина. Дарко Лазиќ во една хала ќе пее со својата кума Андрејана Чекиќ. Тој ќе заработи 40.000 евра, а таа 35.000 евра. Заедничка тезга имаат и Слоба Радановиќ и Катарина Грујиќ. Тој на еден сплав од вечер ќе заработи 35.000 евра, раскажува естрадниот менаџер и додава дека најдобрите пријателки Сека Алексиќ и Слаѓа Алегро договорија да пеат дури на две места:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

Сека ќе пее во хотел, а Слаѓа ќе настапи во еден клуб, а околу полноќ тие две ќе ги заменат местата! Двете таа вечер ќе заработат по 25.000 евра. Дара Бубамара за тезга во Борча ќе добие 20.000 евра, а исто толку ќе заработи и Рада Манојловиќ за настап во еден хотел во Белград, вели изворот.

Најголемо изненадување оваа година е Теа Таировиќ, која драстично ја подигна цената.

Теа оваа година е многу барана, па за новогодишната ноќ во Белград ќе земе дури 30.000 евра. Со неа во истиот хотел ќе пеат и Каќа Живковиќ и Јован Першиќ, кои ќе добијат по 15.000 евра, објаснува менаџерот.

Во Белград ќе пее и Дејан Матиќ за 20.000 евра, додека Каја Остојиќ и Весна Змијанац ќе заработат по 15.000 евра. Аца Живановиќ ќе настапи во етно селото Вранеш за 10.000 евра, а истиот хонорар го договори и Милица Јокиќ за тезга во Аранѓеловац. Марина Тадиќ оваа година е единствена која ќе пее на Копаоник, исто така за 10.000 евра.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.