„ЕУРО-ФАРМ“ донира 50 болнички кревети за Инфективна клиника

Се вклучија во борбата против коронавирусот

Во време на големата светска пандемија од Корона вирусот и сите предизвици кои ги носи борбата против Ковид 19, менаџментот и вработените во ЕУРО-ФАРМ секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со кризата на територија на Република Северна Македонија.

Од почетокот на кризата до денес, успеаa да одговорat на сите предизвици со максимална ангажираност на сите вработени. Најголем дел од  вработените во Еурофарм се на првата линија на справување со пандемијата. Успеаa да ги одржat активни сите постојни капацитети и да овозможиме непрекинато снабдување со лекови и медицинска опрема до аптеките и населението во нашата дражава.

Во овие тешки времиња за сите нас, обезбедувањето на секаков вид на помош за здравствениот систем, здравствените работници и пациентите се приоритет на целото општество. Водени од тоа, во изминатиов период, Еурофарм се вклучи и во помагање на здравствениот систем кој се справува со големи предизвици. Со донации вклучени се во секојдневното снабдување со потребните лекови (дневна терапија) за сите наши сограѓани и лица кои се наоѓаат во објектите кои се именувани како Државни карантини. Исто така, во досегашниот период обезбедија и неколку помали донации од медицински и хигиенски средства за други јавни, здравствени и социјални институции во нашата земја.

Денес, пак, Еурофарм потпиша и договор за набавка на 50 медицински кревети кои ќе бидат донирани за потребите на Универзитетската Инфективна клиника во рамките на Клиничкиот Центар ,,Мајка Тереза.

ЕУРО-ФАРМ изразува благодарност и поддршка на здравствените работници во земјава кои се изложени на секојдневни ризици во својата професионална работа, како и желба и повик за истрајност до сите македонски граѓани заедно да го надминеме и победиме Ковид 19, изјавија првите луѓе на оваа компанија и порачаа: „Ние и во натамошниот период ќе останеме максимално посветени во справување со оваа тешка здравствена грижа и ќе се трудиме целосно да ги одржиме во функција сите наши капацитети. Ние постоиме за да грижиме за вашето здравје!“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.