Ештон Качер за првата љубовна изјава кон Мила Кунис: „Морав да се напијам за да можам ѝ кажам дека ја сакам“

Трема

Мила Кунис и Ештон Кучер се еден од најомилените холивудски парови, а нивната љубовна приказна е секогаш интересна и актуелна, па така Ештон Качер во својата нова епизода од емисијата Our Future Selves откри интересен детаљ од почетокот на нивната врска.

Имено, актерот раскажа дека кантри-пејачот Кен Шесни му помогнал во почетоците на неговата врска со денешната сопруга Мила Кунис.

Првпат ѝ соопштив на својата сопруга дека ја сакам додека ја слушав песната You and Tequila, раскажува Ештон во еден краток исечок од новата епизода, објавена на ТикТок, додека покрај него на подвижната лента трча 54-годишниот Кен Шенси.

Мила Кунис и Ештон Кучер

Можеби и самиот се напив малку повеќе текила. Се појавив пијан во нејзината куќа во два часот наутро и почнав да урлам: ‘Полудев поради тебе и пијалакот’. Тогаш ѝ реков дека ја сакам, а таа ми рече да не го изговарам тоа ако не го мислам: ‘Дали ќе ме сакаш и наутро кога ќе се разбудиш со главоболка?’. Се разбудив следниот ден и ѝ реков дека и понатаму ја сакам, изјави актерот.

Потсетуваме дека Ештон и Мила се запознаа на сетот од серијата „Весели седумдесетти“ во 1998 година, во која глумеа љубовен пар, но им требаа цели 15 години да им се случи љубов и во приватниот живот. Откако ја започнаа врската во 2012 година, набрзо почнаа да живеат заедно, а во февруари во 2014 година се свршија.

Не многу долго по свршувачката, изјавија дека го чекаат првото дете, а Вајат Исабел е родена на 1 октомври 2014 година. Се венчаа во јули 2015 година, а во ноември 2016 година пристигна и нивниот син Димитри Портвуд.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.