Емотивна исповед на Лејди Гага: „На 19 години бев силувана повеќе пати, се уште имам трауми!“

Живее на лекови и антидепресиви

Лејди Гага „се отвори“ пред Опра Винфри и 15.000 луѓе и откри како повеќе пати била силувана на 19 години, поради што страда од посттрауматско стресно нарушување.

Пејачката во искреното интервју во „2020 Vision: Your Life in Focus“ на славната водителка проговори за траумите кои и го одбележале животот. Гага на Опра и признала дека се бори со хронична болка , признавајќи и дека чувствува болка и во текот на нивниот разговор. Својата болка и ја препиша на фибромиалгијата, пореметување кое предизвикува болки во мускулите и коските.

Целото тело започна да ми трне и почнав да врескам, бев во болница“, изјави Гага која отворено зборуваше и за силувањето од некој кој ја познавал кога имала само 19 години.

Вели дека поради тоа трауматично искуство таа има посттрауматско стресно нарушување, кое и денес и создава бројни психички проблеми и кое и до денес се уште не го надминала.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.