Емина Јаховиќ оди на психијатар поради децата

Не ѝ е лесно

Проблемите почнале поради короната, а ја дотепало судењето со Мустафа

Емина Јаховиќ неодамна одлучила да почне со психотерапии, и тоа поради синовите Јаман и Јавуз. Имено, откако прележала ковид-19, пејачката насобрала голем страв и добива панични напади, кои не може да ги совлада сама.

Емина последнава година постојано се плаши и многу е загрижена. За време на карантинот се плашеше за здравјето на мајка си, а не можеше да оди да ја види, работата ѝ застана, немаше настапи, и продажбата на козметичката линија не ѝ одеше добро… На сето тоа се накалемија и проблемите со Мустафа. Излезе дека човекот што толку многу го сакаше и со кого има две деца мора да го тужи! А потоа доби корона и воспаление на белите дробови, и почнаа нападите на паника, така што мораше да побара стручна помош. Веќе некое време се лекува кај угледен белградски психијатар и има голем напредок“, открива за „Свет“ извор близок на популарната пејачка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

А на некој начин и самата Емина го наговести ова…

Короната на сите влијаеше финансиски, но уште повеќе психички… Дури откако луѓето ќе ги почувствуваат вистинските последици, психијатрите ќе имаат полни раце со работа“, изјави таа неодамна.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.