Емили Ратајковски ги покажа фотографиите снимени вечерта кога била силувана (ФОТО)

Го возвраќа ударот

Бристанската манекенка и актерка Емили Ратајковски (29) го обвини фотографот Џонатан Ледер дека наводно сексуално ја нападнал за време на една фотосесија во неговиот дом во Кетскилс во 2012 година.

Фотографиите што настанале тогаш, Ледер ги објави во книгата Ледер/Ратајковски во 2016 година, иако манекенакта тврди дека немал право да ги објави тие фотки.

Ратајковски на фотографиите на кои позирала во долна облека ги објави на својот профил на Инстаграм и напиша:

Секогаш е забавно да се види својата работа. Џонатан Ледер за магазинот Дариус“.

 

 

View this post on Instagram

 

Always fun to see your work in print.by @jonathan_leder for Darius Magazine #polaroids #dariusmagazine #jonathanleder

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Таа изјави дека таа вечер пиела вино и се фотографирала потполно гола. Откако завршило снимањето, а шминкерката заминала на спиење, манекенката се чуствувала будно и многу пијана. Таа и фотографот се покриеле со ќебе на каучот, според нејзините изјави, тој започнал да ја прашува за нејзините момчиња и ја гледал како ги масира стопалата за да се стопли.

Кажа дека му се допаѓа тоа што го правам со стопалата, јасно се сеќавам на тоа. Мразев дека коментира нешто што го правев за да се утешам. Повеќето од тоа што се случи подоцна ми е како низ магла, но се сеќавам како се чуствував. На бакнување не можам да се сетам, но можам да се сетам на неговите прсти во мене наеднаш. Ги туркаше посилно и посилно и навистина ме болеше. Инстиктивно го фатив за раката и го извлеков од мене. Ништо не кажав. Тој стана и си замина – навела Ратајковски.

Фото: Инстаграм, Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.