Елтон Џон бил на работ на смртта, „закачил“ опасна инфекција и едвај се спасил

Ново шокантно признание на познатиот музичар

Познатиот музичар Елтон Џон откри дека го молел Господ да му даде уште една прилика да ги види своите синови пред да умре. Имено, поради многу опасна инфекција која ја добил во текот на турнејата во Јужна Африка бил во тешка состојба и на самиот раб на смртта, призна тој во своите мемоари, кои ги објави неодамна.

https://www.instagram.com/p/B22Dr3KD2Cq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix

Докторите ми кажаа дека ми преостануваат само уште 24 часа живот. Поминав 11 дена во болница пред да ме пуштат на домашна нега, која потраа неколку недели, изјави музичарот за кој неодамна беше снимен и филм.

Во мемоарите откри и дека има неверојатна среќа, иако, во тој момент не се чувствувал така.

Лежев буден цела ноќ, прашувајќи се дали ќе се извлечам или тоа е навистина крајот. Го молев Господ…те молам, не давај да умрам, те молам повторно да ги видам своите деца, дај ми уште малку време, раскажува тој во своите мемоари.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.