Елена на 16 години избегала од дома и продавала дрога: Тој го претворил нејзиниот живот во бајка!

Принц на бел коњ

Се чини дека вака изгледа принцот на бел коњ, барем во случајот на Елена

Ако ја следите русокосата убавица Елена Перминова на Инстаграм, запознаени сте со комфорниот живот што го живее. Има три прекрасни деца, бајковито секојдневје, луксузни недвижнини, скапоцени автомобили и сопруг милијардер, но минатото на оваа Русинка е сѐ освен идеално.

https://www.instagram.com/p/B_H65ChhlSu/?utm_source=ig_embed

Имено, како дете живеела на Сибир во неверојатна сиромаштија, а потоа на 16 години го напуштила семејниот дом и нашла дечко со кого многу брзо западнала во проблеми.

Ја фатиле како продава дрога во еден ноќен клуб, по што завршила во затвор. И тука, всушност, започнува среќниот дел од нејзината приказна. Од затвор ја извлекол нејзиниот сегашен сопруг Лебедев, поранешен член на КГБ и милијардер.

https://www.instagram.com/p/B8mHmEzCBYd/?utm_source=ig_embed

Дилерот кого Елена го издала ѝ се заканувал со смрт, а во Русија не постои заштита на сведоци, па таа била осудена на 6 години затвор. Тогаш, нејзиниот татко некако стигнал до Лебедев, кој тогаш работел на донесувањето закон за заштита на сведоци, како член на парламентот.

Неколку години подоцна, помеѓу Елена и 27 години постариот милијардер се родила љубов, а оттогаш таа го нарекува нејзин ангел-чувар.

https://www.instagram.com/p/B7liXIAitZT/?utm_source=ig_embed

Елена денес важи за модна икона и може да се види на секоја престижна ревија. Завршила економија во Москва, па дури и се фотографирала за „Плејбој“, поради што многумина ѝ замериле, иако таа повеќепати нагласила дека никогаш не била срамежлива.

https://www.instagram.com/p/B9XDVLGqMHR/?utm_source=ig_embed

Брачниот пар Лебедев дефинитивно е нетипичен, кога станува збор за финансиите што ги поседува. Сопружниците не сакаат да се фалат со својот луксузен живот, а најмногу сакаат да одат на семејни патувања.

Најплатената љубовница се „дави“ во луксуз: Не можете ни да си замислите колкава и’ е дневницата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.