На големиот православен празник Митровден, познатата пејачка Елена Јовческа се породи и на свет донесе здраво женско бебе, кое го доби прекрасното име Талија. Името Талија носи посебна симболика и значење, поврзано со радост, благослов и инспирација – токму како чувствата што сега ја облеваат младата мајка.
Во изјава за „Убавина и здравје“, Елена откри дека моментот на породувањето бил најинтензивното и најмоќното искуство во нејзиниот живот:
„Ја доживеав најголемата физичка болка досега, бидејќи сакав се да оди по природен пат и да сум свесна за целиот процес. Кога ја здогледав Талија, сфатив дека истото би го повторила уште илјада пати,“ – искрено изјави пејачката.
И мајката и бебето се во стабилна состојба и се чувствуваат добро. Целата бременост на Јовческа ја водеше д-р Татјана Гуржанова од NewBorn Clinic, а породувањето го изведе д-р Саша Јовчевски со тимот од клиниката „Жан Митрев“, за кои пејачката сподели и на социјалните мрежи дека е презадоволна од поддршката и негата, како и за професионалноста и целиот третман при породувањето.
View this post on Instagram
Социјалните мрежи денес се преплавени со честитки и топли пораки од нејзините колешки од естрадата, пријатели и обожаватели, кои ѝ посакуваат на Елена и малата Талија многу здравје, љубов и среќа.
Кума на Талија ќе биде Натали Павловиќ – блиска пријателка на пејачката и нејзина партнерка во заедничкиот салон за убавина „ЕН бјути студио“, кој двете го отворија пред неколку години.
Редакцијата на Убавина и здравје ѝ честита на Елена и ѝ посакува безброј среќни моменти со нејзината мала принцеза Талија!
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/jovceskaelena/?hl=en