Елена Димовска, А1 Македонија: „Сите заедно градиме подобар свет“

Елена Димовска, раководителка на Оддел за корпоративни комуникации во А1 Македонија

Разговаравме со раководителката на Одделот за корпоративни комуникации во „А1 Македонија“.

Како дел од А1 Групацијата посветени сте на општествената одговорност на компанијата. За што всушност се работи?

А1 како групација има амбиција да стане лидер во одржливост помеѓу компаниите во индустријата, па новиот начин на одржливо работење е инкорпориран и во компаниската стратегија.

Во рамкитте на ESG проектот кој функционира во сите земји од групацијата, зададовме заеднички цели за периодот до 2030 година, кои се поставени во насока на поддршка на глобалните климатски цели.

Елена Димовска, раководителка на Оддел за корпоративни комуникации во А1 Македонија

Како што и самото име на иницијативата посочува, ESG – Environmental, corporate and social governance, проектот е фокусиран на три главни области – намалување на влијанието врз животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени, едуцирање на младите но и возрасните за дигитална писменост, како и промовирање на социјалната разновидност и родова еднаквост и управување со одржливи процеси во деловното опкружувањe.

Кои се проектите на кои се фокусира А1 Македонија?

Под мотото  „За подобар свет” воведовме низа проекти токму во оваа насока. Преку нашиот најнаградуван проект „Кликај Безбедно“… интернетот не е само игра ги едуцираме најмладите за нивната безбедност при користењето на интернетот.

Во минатите пет години нашите волонтери одржаа обуки на повеќе од три илјади деца. Со A1 Green Call, платформа за рециклирање на старите мобилни уреди корисниците покажаа навистина голема свест за рециклирање и доставија над илјада парчиња во специјлните кутии поставени во А1 продажните салони ширум земјата.

Тргнувајќи од премисата дека нов, зелен, подобар свет е можен, од неодамна 50% од снабдувањето со електрична енергија ќе биде обезбедено од обновливи извори на енергија за потребите на А1. Ги почитуваме  различностите и ја стимулираме родовата еднаквост на работното место за што говорат и 53% жени во компанијата и 46% од раководните позиции кои се во рацете на жени.

Тие се високо образовани, амбициозни и врвни професионалци во својата област што ни дава за право уште повеќе да работиме на нивна поддршка и професионално напредување.

Кои се предизвиците за А1 како компанија која е лидер во оваа област?

Општествено одговорните практики во А1 Македонија не се случуваат стихијно, туку се составен дел од корпоративнта стратегија што ни дава прецизен фокус на проектите и активностите што ги подготвуваме и реализираме. Одржливоста и резултати на долг рок се наш приоритет.

Вклученоста на колегите во општествено одговорни проекти е уште еден доказ за високата свест и хумана димензија што ја негуваме во А1. Тргнувајќи од топ менаџментот и нивните одлуки, па сè до сите вработени, кои општествената одговорност ја имаат инкорпорирано во извршувањето на своите секојдневни работни задачи.

Одговорно рециклираме, преку енергетски ефикасно изградениот објект на управната зграда штедиме електрична енергија, користиме превозни средства што не ја загадуваат околината како што се електрични тротинети итн.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.