ЕКСКЛУЗИВНО Лила и Јована: Среќата е таму каде што се пријателите (ФОТО)

Деновиве, на социјалните мрежи сме сведоци на фотографии што познатите водителки ги објавуваат, сликани на исто место во исто време.

Во овие летни горештини, тие се вистинско освежување и инспирација, со оглед на тоа што Лила Филиповска и Јована Стојменовиќ негуваат пријателство подолго од 20 години.

Имено, како што изјавија ексклузивно за ,,Убавина и здравје”, едноставно одлучиле да ги спакуваат куферите и да заминат на краток одмор со своите најблиски Сузана Митревска и Бојана Стојменовиќ.

Кога по долги години ќе успееш да споиш неколку заеднички слободни денови, сфаќаш дека за среќа е потребно малку – само да сме четирите заедно, здрави и живи, а не е битно каде, рече Лила, останувајќи мистериозна за локацијата што ја избрале, сакајќи да ја зачуваат приватноста.

Каде и да се овие четири верни пријателки, ние им посакуваме ова летно полнење батерии да им премине во навика и да им стане традиција.

Кога макар и накратко си опкружен со луѓе во кои имаш безусловна доверба и со кои секој поминат миг чувствуваш наплив на позитивна енергија – сфаќаш дека си среќен човек и се чувствуваш како суперхерој, изјави Јована.

Како луѓе, колку и да не веруваме во суперхерои, ваквите пријателства се доказ дека се’ уште постои нешто што силно ги врзува луѓето едни со други и трае долго, пркосејќи им на сите премрежиња.

Само нека биде весело, да му наздравуваме секој ден на животот!

Текст: Татјана Пуленџовска

Фото: Приватна архива

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.